Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година
Врз основа на член 3 став (2) алинеја (5) и (6) од Решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година бр. 16-1662/1 од 02.05.2024 година и Решението за измена на решението за формирање на Совет за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година 13-3697/2 од 29.09.2025 и 13-3697/3 од 3.12.2025 година, Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година, согласно одлука на седницата одржана на 26.02.2026 година објавува
Јавен повик
за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година
Советот за координација и следење на процесот на Партнерството за отворена власт 2024-2026 година, на седницата одржана на 26.02.2026 година утврди Постапка за спроведување консултации со засегнати страни за креирање на нови приоритети и заложби во рамките на процесот „Партнерство за отворена власт” со цел да се обезбеди навремен, непречен, инклузивен и транспарентен процес на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.
Јавниот повик треба да овозможи консултации со јавноста и пријавување на засегнати страни за учество во процесот на консултација и креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година и вклучување во работни средби за една или повеќе приоритетни области (антикорупција, граѓански простор, клима и животна средина, дигитално управување, фискална отвореност, инклузија, пристап до правда, јавно учество, право на информации, отворено судство и отворен парламент), во периодот на ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година.
Во процесот на консултации и ко-креирање на новиот акциски план, пријавените учесници ќе можат да дадат свој придонес во идентификување и приоретизирање на клучните проблеми во горенаведените приоритетни области и предлагање на решенија за нивно надминување.
Учесниците својот придонес можат да го дадат преку учество во работни групи за консултација, по претходно утврден начин и динамика на работа. Временската рамка и активностите се достапни на следниот линк: ВРЕМЕНСКА РАМКА НА АКТИВНОСТИ ЗА ПОДГОТОВКА НА НАП ЗА ПАРТНЕРСТВО ЗА ОТВОРЕНА ВЛАСТ 2026-2028
Учесниците потребно е да осигураат дека ставовите и потребите на локално ниво ќе бидат соодветно презентирани и застапени.
Пријавувањето за учество во процесот на консултација и ко-креирање на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година се врши по електронски пат, преку следниот линк .
Рокот за поднесување на пријавите е 20.03.2026 година.
Сподели:
Останати блог текстови
„Реформската агенда со скромни чекори : Граѓанскиот сектор вклучен во мониторингот, но институциите се затворени“ - Мета.мк Новинска агенција
22.09.2025
Македонија исполнила само 2 од 5 планирани чекори до декември 2024 година, или 40% од проектираните обврски fatemeh-rezvani-MnPWB-ybjHQ-unsplash Северна Македонија направи многу малку во однос на тоа што е потребно за реформската агенда. Ова го покажа табелата на резултатите од Програмата за развој и реформи на Западен Балкан објавена од Европската комисија. Граѓанското општество, иако […]
"Владата со селективна транспарентност: Бомбардирањето со соопштенија го маскира криењето на клучните информации" - Мета.мк
19.09.2025
Новинарите предупредуваат за сериозни пречки за пристап до клучни информации. Фото: Мета.мк На прв поглед, Владата на С. Македонија изгледа отворена: најавува активности, споделува соопштенија за медиумите и изјавува посветеност кон Стратегијата за транспарентност 2023–2026. Но, зад фасадата на отвореност лежи селективна практика: самите институции одлучуваат кои точки од дневниот ред да ги објават, кои […]
Препораките на ДКСК водат кон заробување на институциите
23.04.2025
Интервју со Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондацијата „Метаморфозис“ Автор: Васко Маглешов Објавено на 23 април 2025 во 10:29 Антикорупциската комисија (ДКСК), минатата недела објави дека направиле антикорупциска проверка на шест закони, помеѓу нив, и на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, единствениот механизам, преку кој, новинарите и граѓаните бараат информации за […]
Измените во медиумското законодавство се проевропски само делумно
16.04.2025
Измените во Законот за медиуми кој е во фаза на второ читање во Собранието и го мина надлежниот комисиски филтер, има за цел, како што напишала Владата и надлежното министерство – да го исполни Патоказот за реформи во делот на Поглавје 23 и да изврши усогласување со европското закoнодавство, со тоа што овојпат ги вметнува […]
Изборно рекламирање и социјална инклузија: Медиумите треба да ги разобличат стереотипите, а не да ги репродуцираат
29.01.2025
Наместо да се претстават како активни учесници во општеството, маргинализираните групи од политичките актери се портретирани како жртви или лица кои имаат потреба од помош. Дополнително, медиумите ретко ги преиспитуваат политичките наративи, што доведува до репродукција на стереотипи. Недостатокот на капацитети и знаења за инклузивно информирање само ја влошува состојбата. прод. д-р Марина Тунева Социјалната […]
Татјана Хилшер-Богусевич: Властите да најдат поефикасни законски решенија за демократски избори, не треба да се занемарува застапеноста на жените
30.12.2024
Татјана Хилшер-Богусевич. Фотографија од Порталб За време на организирањето на демократски избори, еден од предизвиците со кои се соочуваат земјите кои имаат релативно нов демократски режим, особено земјите кои излегоа од комунистичкиот режим, е недостатокот на јасни надлежности и доволно ресурси на институциите за управување со изборите. Културата на воведување нецелосни измени на изборните закони […]
