20.02.2026
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на Премиерот во врска со постапката за избор на државен јавен обвинител
Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата со внимание го следи процесот за избор на нов државен јавен обвинител. Имајќи предвид дека Совет на јавни обвинители јавно соопшти дека дал позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат законските услови и дека предметот е доставен во понатамошна постапка до Владата на Република Северна Македонија, […]
09.02.2026
Индекс на отвореност: Започна десеттиот бран на мерењe на отвореноста на извршната и законодавната власт
Започна десеттиот бран на мерење на отвореноста на извршната и законодавната власт во четири земји од регионот на Западен Балкан, односно Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Србија и Црна Гора, преку Индексот на отвореност. Мерењето го спроведува мрежата ACTION SEE – Мрежа за Одговорност, Технологија и Институционална Отвореност во Југоисточна Европа со поддршка на Национален […]
09.02.2026
Одржана средба на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт
На 30 јануари 2026 година се одржа седница на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (ПОВ), во просториите на Фондација „Метаморфозис“. На седницата учествуваа претставници на 9 граѓански организации – членки на Управниот комитет. На состанокот се разгледуваше Предлог-програмата за работа на Управниот комитет, која по состанокот беше доставена […]
28.01.2026
Одржана јавна расправа за нацрт – Законот за отворени податоци
Министерството за дигитална трансформација, во соработка со Фондација Метаморфозис на 28-ми јануари 2026 година, во Центарот за иновации Инокс организираше јавна расправа за текстот на нацрт- Законот за отворени податоци и реупотреба на податоците од јавниот сектор. На јавната расправа присуствуваа министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, претставници на Фондација Метаморфозис, на министерството, на граѓански […]
27.11.2025
Средба на конзорциумот на партнери од Програмата за дигитален активизам
Извршниот директор на Фондација Метаморфозис, Бардил Јашари, учествуваше на средба на конзорциумот на партнерите од Програмата за дигитален активизам. Состанокот се одржа во Сараево, непосредно пред меѓународната конференција Мегафон 2025. Програмските партнери се собраа во Сараево на два дена интензивно поврзување, размислување и планирање за иднината. Фокусот на средбата беше, како преку Програмата за дигитален […]
24.11.2025
Метаморфозис учествуваше на работилницата на CarGrow 2.0 во Битола
На 19 ноември 2025 година, во просториите на Europe House Битола, се одржа локална работилница на CarGrow 2.0, граѓанската алијанса која го следи и поддржува спроведувањето на Реформската агенда и Планот за раст. Работилницата имаше за цел да ја претстави улогата на CARGrow 2.0 како граѓанска алијанса за следење на реформите и да поттикне вклучување […]
11.11.2025
„Дезинфо радар“ избран за престижната Програмата за зголемување на опсегот (SCUP) на Форумот за мир во Париз
Проектот на Фондацијата „Метаморфозис“ „Дизинфо радар“, иновативна регионална иницијатива за справување со дезинформациите како сајбер закана за мирот, демократијата и европските вредности е избрана меѓу 10 глобални проекти опфатени со Програмата за зголемување на опсегот (SCUP) на Форумот за мир во Париз за 2025-2026 година. Признанието беше објавено во текот на осмото издание на Форумот, […]
12.09.2025
Изработени планови за дигитална безбедност за шест невладини организации
Во рамките на проектот „СајберШтит: омоќени граѓани за сајбер отпорност“, Фондација Метаморфозис одржа три обуки за сајбер безбедност, за организации кои работат со маргинализирани групи на граѓани. Како продолжение на обуките, Фондација Метаморфозис подготви планови за дигитална безбедност за шест граѓански организации кои работат со маргинализирани групи. Целта на персонализираните планови за дигитална безбедност е […]
19.06.2025
Метаморфозис учествуваше на јавна расправа за клучни закони од дигиталната сфера
Денес, 19-ти јуни 2025 година, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на Собранието на Република Северна Македонија, ја одржа својата 35-та седница. На седницата се одржа јавна расправа на тема „Реформски пакет на Предлог закони за дигитална трансформација на Република Северна Македонија“, и се разгледаа и дискутираа следниве предлог закони: Предлог […]
09.06.2025
Одржана трета обука за сајбер безбедност за граѓански организации
На 4 јуни 2025 година, Фондацијата Метаморфозис организираше еднодневна обука за подобрување на сајбер безбедноста во организациите од граѓанскиот сектор. Обуката беше наменета за граѓански организации кои секојдневно работат со ранливи категории и се изложени на зголемени ризици во дигиталното опкружување. Учесниците имаа можност да се запознаат со клучни аспекти на сајбер безбедноста, вклучувајќи го […]
04.06.2025
ПРОДОЛЖЕН РОК: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 1 (еден) претставник од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план […]
19.05.2025
Прв состанок на Националниот консултативен механизам за реформската агенда (NCM-RA)
Имплементацијата на Реформската агенда во Северна Македонија бара инклузивен пристап и придонес од сите релевантни чинители за да се обезбеди нејзина успешна имплементација. За таа цел, Институтот за европска политика – ЕПИ, во соработка со Министерството за европски прашања, на 19 мај, организираше Прв состанок на Националниот консултативен механизам за реформската агенда 2024-2027 – нова […]